fbpx

Отиде на пластична операција, па почина: Соопштени трагични вести

Почина младиот актер Сент Ван Колучи по десетина естетски операции кои ги направи во текот на само една година.

„Ван Колучи почина рано во неделата на 22-годишна возраст, во болница во Јужна Кореја, од компликации настанати од неговиот последен зафат“, потврди неговиот публицист Ерик Блејк за „Дејли меил“.

Колучи се пресели од Канада во Сеул во екот на популарноста на корејска К-поп музика во 2019 година, во потрага по кариера во забавната индустрија.

Во саботата заминал на операција, овојпат за да ги извади имплантите на вилицата што ги ставил во ноември минатата година.

По операцијата, за која очигледно знаел дека е ризична, добил инфекција и на крајот морал да биде интубиран, пишува „Пејџ сикс“.

Починал неколку часа подоцна.

Следни Објави

Пресладок е! Кајмакоски го покажа синот, одбра име со посебно значење (ФОТО)

Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски по вторпат стана татко. Радосната вест ја сподели со своите фанови на „Инстаграм“ каде што објави и фотографија од синот. „Дами и господа, ова е Стефан кралот“, напиша гордиот татко. Името Стефан (исто така и Стеван), води потекло од грчкиот збор „stephanos“, што значи круна, венес, […]