fbpx

Пресладок е! Кајмакоски го покажа синот, одбра име со посебно значење (ФОТО)

Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски по вторпат стана татко.

Радосната вест ја сподели со своите фанови на „Инстаграм“ каде што објави и фотографија од синот.

„Дами и господа, ова е Стефан кралот“, напиша гордиот татко.

Името Стефан (исто така и Стеван), води потекло од грчкиот збор „stephanos“, што значи круна, венес, па името Стефан буквално би значело крунисан. Името е длабоко поврзано со верата и со симболиката на венецот. Во христијанството, венецот е симбол на надеж, вечен живот и бесконечност. Венците ги пратат христијаните во текот на целиот живот.

Името Стефан е едно од најчестите имиња на светот и се среќава речиси во сите јазици. Колкава е популарноста на ова име низ историјата, зборува и фактот дека ова име го носеле многу кралеви и папи.

Јавноста не знае речиси ништо за неговата втора сопруга, а тој секогаш со емотивни зборови на социјалните мрежи не’ потсетува дека по бурниот развод конечно е среќен.

„Те сакам, не само поради тоа што си, туку и поради тоа што сум јас кога сум со тебе“, ѝ напиша на саканата пред неколку месеци.

На Кајмакоски, кој своевремено не’ претставуваше и на „Евросонг“, многумина му предвидуваа блескава кариера, но кога публиката најмногу очекуваше од него тој одлучи да му се посвети на приватниот живот.

Се ожени со манекенката и пејачка Кристина Димитријевска, го добија синот Давид, но љубовта кратко им траеше.

Разидувањето им беше скандалозно, барем така пишуваа медиумите.

„Јас сум и мајка и татко на мојот син“, изјави Димитријевска во едно интервју.

На прашање од новинарката во какви односи е со поранешниот сопруг, таа кратко порача дека не сака да се враќа во минатото и дека има други многу поубави работи за кои може да се зборува.

Следни Објави

Јас сум „глупачата“ која роди на 40 и кусур: Еве како поминав!

Исповед на жена која кога се омажила по вторпат мислела дека нема шанси повторно да се реализира како мајка, но се случило токму спротивното.. Кога се омажив вторпат имав 35 години. Веќе имав син-тинејџер на 17-годишна возраст од првиот брак и ни на крај памет не ми беше повторно да […]