fbpx

Ова веќе не е реално! Ново пукање во Србија, две жртви и седум ранети

Ова е нереално, им нема крај на лошите вести..

Дури седум лица се ранети во нова престрелка која вечерва се случила во Србија, информираат тамошните медиуми.

Според првичните сознанија, инцидентот се случил кај Младеновац, пукано е од автоматска пушка од возило во движење, а најверојатно има и повеќе жртви.

„Блиц“ предмалку објави дека убиени се полицаец и неговата сестра.

Екипи на Брза помош и на полицијата се на местото на инцидентот. Неофицијално, меѓу ранетите има и деца.

Наводно веќе е распишана потерница по 21-годишен, кој по пукањето побегнал.

Следни Објави

Хорор! Нов масакр во Србија, еве кој е напаѓачот кој уби најмалку десет души

Десет лица се убиени според последните информации за вечерашното пукање во Младеновац кој српските власти го окарактеризираа како терористички чин. Осомничен е 21-годишниот Урош кој стрелал и ранил 25 лица во две села кај Младеновац. Тој отворил оган во училишниот двор каде претходно имал расправија. Застрелал и убил 20-годишен полицаец […]