fbpx

Ги убија и мајка ѝ и брат ѝ: Нејзината потресна приказна ќе ви ја заледи крвта

Во осумдесеттите години на минатиот век беше ѕвезда во Југославија. Пленеше со неверојатниот вокал, но беше и исклучително атрактивна, а потоа се случи вистинска трагедија.

Далечната 1999 година албанските екстремисти ја убија мајка ѝ, а по овој немил настан се отсели во Австралија.

Мирјана Петричевиќ, позната како Мира Косовка, призна дека еден период била принудена да прифаќа ангажмани за смешни хонорари поради бројните финансиски проблеми.

– Маката ме натера да заминам. Сите мои избегаа од Ѓаковица, никој немаше пари, па кога ме побараа луѓе од Сиднеј и ме прашаа за колкав хонорар ќе отпатувам да работам, им реков: „Колку ќе дадете“. Кога ги немаш и сто марки се многу. Отидов и никогаш повеќе не се вратив – изјави на времето Мира.

По смртта на мајка ѝ, семејството доживеа уште една трагедија – почина нејзиниот брат.

„Мојот Милан таму долу на Косово и Метохија, особено во Ѓаковица, сите го познаваа како прекрасен човек. Првата трагедија во мојот живот е поврзана со него. Убиен е во 1981 година, УДБА го ликвидира. Беше гласен и одлучен. Не му се допаѓаа тие менувања на знамиња, населување, давање толку права на Албанците. Ни јавија дека него и Вучуровиќ наводно ги прегазила „лада“, а тенк да поминеше врз нив немаше така да изгледаат“, раскажа Мира за „Курир“.

Многу тешко ја поднела неговата смрт, по неа преку ноќ созреала.

„Милан немаше ни очи, ни нос, ни уста, ми требаа десет години да ја заборавам страшната глетка. Кога ги замолив да ми го отворат ковчегот, се шокирав. Срцето ми се скрши, но некако успевав да останам присебна“, призна пејачката.

Денеска живее мирни денови далеку од родната земја и изгледа сосема поинаку.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Нови детали за вчерашниот инцидент: Девојчињата се исплашени, еве зошто не се јавувале на мобилните

Ден по големата потрага на двете малолетни девојчиња од струмичко кои повеќе од осум часа се водеа за исчезати, роднина на едното од нив открива нови детали за инцидентот. Антонија и Радмила кои со ученици и наставници вчера допатувале во главнуот град за да го посетат Саемот на книга, синоќа […]