fbpx

Нови детали за вчерашниот инцидент: Девојчињата се исплашени, еве зошто не се јавувале на мобилните

Ден по големата потрага на двете малолетни девојчиња од струмичко кои повеќе од осум часа се водеа за исчезати, роднина на едното од нив открива нови детали за инцидентот.

Антонија и Радмила кои со ученици и наставници вчера допатувале во главнуот град за да го посетат Саемот на книга, синоќа беа пронајдени во близина на Кисела Вода. Полицајците ги препознале, откако ги пресретнале.

„Огромен број на полицајци беа во потрагата, за што сме многу благодарни. Имаше и многу граѓани. Само од Петралници имаше над 30 луѓе во потрага. Имаше и од Струмица, Босилово, граѓани на Скопје. Децата прво се шетале, а потоа залутале. Сега се добри, иако исплашени“, открива Марјан Јанков, роднина на едно од девојчињата, за порталот ММС.

Иако и двете девојчиња на возраст од 12 и 14 години имале мобилни телефони, не можело да се воспостави контакт со нив бидејќи батериите им се испразниле.

Девојчињата лутале во обид да го пронајдат патот до „Веро Џамбо“. Наводно, не се обиделе да прашат каде да се упатат, туку едноставно само се движеле.

Следни Објави

Еве, јас ќе ви кажам: Македонски психијатар со брутално искрен статус за малиот Коста

Гледам ги мобилизираат психолозите, психијатрите, педагозите, социолозите да создадат програми и да го објаснат малиот убиец… Овие јадници треба да го откријат и упатат на потенцијалниот убиец, да најдат начини како тоа да се спречи и превенира, а државата и општеството преку нив сака да си ги измие рацете. Како […]