fbpx

Азиските деца се најздрави поради овие причини! Имаат навики незамисливи за македонските тинејџери

Растат во одговорни, вредни и чесни луѓе благодарение на дисциплината, знаејќи дека покрај правата, имаат и одговорности

Методите кои се применуваат во азиските земји, лесно може да се применат и кај нас за да се зачува здравјето на децата. Во продолжение прочитајте кои техники можат да помогнат.

Безбедно растојание

Во Кина има специјални држачи кои ги спречуваат децата да бидат преблизу до книгата и со тоа да читаат од безбедно растојание. Овие држачи значително ја подобруваат положбата на телото додека седат.

Вежби за очи

Во Кина, учениците во основно и средно училиште се упатуваат на вежби за очи кои имаат за цел подобрување на циркулацијата на крвта и релаксација на мускулите на очите. Вежбите се состојат од шест сесии кои вклучуваат масажи на пределот околу очите и обично се прават двапати на ден.

Испитите се полагаат надвор

Од оваа практика има две придобивки. Прво, го спречува препишувањето, бидејќи студентите се многу далеку едни од други додека седат, а да не зборуваме за здравствените придобивки. Сонцето и свежиот воздух дополнително го намалуваат стресот поради испитите.

Хируршки маски

Во Јапонија, основна култура е човекот кој има вирус или е алергичен на полен и прашина да носи маска во јавност. Со тоа го спречуваат вирусот да се шири наоколу и ја намалуваат можноста да ги зарази другите околу себе.

Онлајн-часови

Ако времето е нестабилно, часовите се одржуваат преку Интернет. Од удобноста на нивниот дом, децата ги следат лекциите во живо, додека се максимално заштитени од поплави, пожари, снег и други непогоди.

Мали порции

Во Јапонија, училиштата им служат на учениците мали порции, главно со ориз, зеленчук и месо. Не постои главен оброк, како кај нас. Во Јапонија, сè е насочено кон локалното производство, па и храната е од локалните пазари.

Активности на отворено

Кампувањата и секаквите други видови активности на отворено се пожелни. Азиските земји веруваат дека децата и возрасните треба да бидат што е можно подолго на отворено за да им се подобри менталното здравје.

Пешачење

Децата повеќе пешачат до училиште отколку што користат јавен превоз. Се повеќе Азијци инсталираат аликации за броење на чекорите и пешачат што е можно повеќе. Тоа е единствената форма на рекреација и луѓето го искористуваат максимумот.

(Не)зависност од Интернет

Децата редовно се следат за навремено да се спречи зависноста од Интернет и од игри. Оние на возраст под 16 години со закон се спречени да сурфаат по полноќ.

Одговорности

Во Јапонија децата имаат обврски кои редовно и добро ги исполнуваат. Така учат да се грижат за себе.

Следни Објави

Писмо од мајка на аутистично дете до соседот кој ги малтретира

Дуња Тадиќ од Загреб, мајка на дете со аутизам, му напиша писмо на безмилосниот сосед кој на неа и синот Игор неколку пати им повикал полиција. Го објави јавно на својот Фејсбук-профил. Писмото допре многу луѓе не само во Хрватска, туку и на целиот Балкан. Некои дури и признаа дека […]