fbpx

Естрадата завиена во црно: Почина познатата пејачка, причината за смртта ги изненади сите

На 57-годишна возраст почина џез-музичарката Лана Токовиќ.

Токовиќ е родена во Белград во 1966 година. Студирала пијано и соло пеење, а професионалниот ангажман го започнала на 16 години, прво во Студио 13, а потоа во Студио 6 на Радио Белград, каде станала најмладиот продуцент и музички уредник.

За многу кратко време таа стана најмладата солистка на џез оркестарот на Радио Белград, но реши да се посвети на професијата продуцент. Сними преку 40 постојани снимки за звучната библиотека на Радио Белград.

Таа е основач на музичката група „Лана и Алдо“, со која има издадено седум музички проекти и беше долгогодишен соработник на издавачка куќа ПГП РТС.

Со својата група одржа голем број самостојни концерти, а освои и награди како композитор, вокален изведувач и текстописец. Пишуваше музика за театарски претстави, цртани филмови и реклами.

Таа починала утрово на ВМА во Белград, а причината за смртта е сепса поради која пред две недели паднала во кома, информираат српските медиуми.

Следни Објави

Неочекуван пресврт! Ново потресно сведоштво за Коста

Коста имал големи животни планови и ниту со една негова постапка не навестувал дека е подготвен десетици фамилии да завие во црно. Ново потресно сведоштво за 13-годишниот масовен убиец објави порталот “Нова.рс“, а овојпат нивен соговрник е татко на еден од блиските другари на Коста. Неговиот син и момчето кое […]