Почина популарната германска актерка Маргит Карстенсен.
Беше германска театарска и филмска актерка најпозната надвор од Германија по нејзините улоги во делата на филмскиот режисер Рајнер Вернер Фасбиндер.
Улогата која ѝ ја одбележа кариерата е онаа во мелодрамата „Горчливите солзи на Петра фон Кант“ од 1972 година.
Веста за нејзината смрт ја објави и филмскиот продуцент Брус ЛаБрус, кој објави нејзина фотографија.
Причината за смртта не е објавена.
Карстенсен имаше 83 години.