fbpx

Десет години од запросувањето, конечно застанаа пред олтар

Десет години откако се свршија, ТВ-презентерката Татјана Стојановска и нејзиниот партнер, бизнис консултантот Михаил Китановски, вчера се венчаа пред најблиските.

Се запознале на одмор во Турција 2012 година каде биле со децата и таа пријателска дружба преминала во врска. По една година почнале заедно и да живеат.

Познатата ТВ-презентерка и поранешна Мис на Македонија во една прилика објасни дека поради одредени околности и прилагодувања, не дошло до официјализирање на врската, но и нагласи дека заедничкото живеење без формализирање е неформален брак секаде во светот.

Стојановска во едно интервју раскажа дека она што најмногу ги врзува е искрениот однос, заедничките интереси во животот, семејните вредности и грижата за децата.

„Секако кај него ме плени и комуникативноста, смислата за хумор, а пред сѐ интелектот, приземјеноста во сѐ. Со еден збор човечноста и емпатијата за секого, секому да се помогне. Грижата еден за друг, поддршката, љубовта и негувањето на сето тоа е она што нѐ спојува“, раскажа таа за „Женски магазин“.

Насловна: Слободен печат

Следни Објави

Пет деца од два брака, афера со малолетнички.. Кој беше Берлиускони? Една работа особено ќе ве изненади

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони почина денеска на 86-годишна возраст. Контроверзниот бизнисмен интензивно се лекуваше од леукемија, јавуваат светските медиуми. Роден е во Милано на 29 септември 1936 година, а неговата биографија е полна со скандали, обвинувања за корупција, сексуални афери и контроверзни деловни потфати. Тој беше лидер на политичкото […]