Дарко Л., 22-годишниот работник кој пред три дена беше повреден во фабрика во Обреновац, утрово почина, пренесуваат српските медиуми. Позади себе остави сопруга и мало дете.
Жената на Дарко со потресни зборови се огласи на социјалните мрежи.
„Зошто не’ остави, љубов моја, лаву мој, те сакам најмногу на светот“, напиша таа.
Трагичната несреќа се случи на 18 октомври, два часа по полноќ во производниот погон на фабриката.
При работа на машина пукнала карпа, при што биле повредени двајца работници.
Еден од работниците, 43-годишнот Г.Ц. починал во Здравствениот дом во Обреновац, додека Дарко беше итно хоспитализиран во критична состојба.
За жал, синоќа им подлегна на повредите.