fbpx

Татјана го објави свадбениот албум: Сопругот ги покажа вештините (ФОТО)

Преубави

Македонската ТВ-презентерка Татјана Стојановска конечно објави фотографии од нејзината свадба која викендов сериозно го привлече вниманието на јавноста.

Регистрацијата и прославата се одржаа во еден познат скопски хотел во присуство на нивните најблиски роднини и пријатели, а таму ја правеа и фотосесијата.

Една слика особено привлече внимание, онаа покрај клавирот. Дали сопругот на Тања, бизнис консултантот Михаил Китановски, ги покажа своите вештини и ни откри дека музиката е неговиот скриен талент, допрва ќе треба да ни покаже.

Уште еден детаљ од свадбената церемонија особено падна в очи, а тоа беше пуштањето на прекрасните бели гулаби-традиција на венчавките која потекнува од Италија, каде истите ги претставуваат младенците кои го напуштаат родителскиот дом, како птичјо гнездо, како би започнале нов заеднички живот и нова фамилија.

Во различни култури, религии и легенди гулабот има различно, но сепак племенито значење и често оваа птица е претставена како Божја! Се смета за симбол на верност и љубов, среќа и благосостојба, мир и долговечност како и симбол на мајчината љубов и плодност!

Ова е втор брак и за двајцата. Стојановска од првиот брак со фолк-пејачот Благоја Грујовски го има синот Матеј.

Татјана и Михаил се запознаа на одмор во Турција 2012 година каде беа со децата и таа пријателска дружба премина во врска. По една година почнаа заедно и да живеат.

Следни Објави

Најлошите жени се родени во овие три хороскопски знаци

Припадничките на следниве хороскопски знаци имаат специфичен карактер и тешко остануваат во врска. Ако барате љубов за цел живот, со нив ваквите соништа се речиси невозможни. ОВЕН Жените во овој знак мора да го контролираат секој аспект од врската. Не се работи за тоа дека не ве почитуваат како личност, […]