fbpx

Покрај неа, забележани се само уште 12 случаи во светот: Вероника е едно од 600 милиони бебиња кои успеале да преживеат ваква бременост

Во Сибир во 2017 година е забележан неверојатен случај, лекарите долго се чудеа

Уникатно бебе кое го запрепасти светот, успеа да преживее. Станува збор за женско дете зачнато по природен пат. Девојчето го крстиле Вероника, име кое значи „таа што ја носи победата“, што комплетно го заслужила, пренесуваат тамошните медиуми.

Мајката (31) која сакала да остане анонимна, е бегалка од Украина која за време на бременоста ниту еднаш не отишла на доктор.

Сепак, нејзиното бебе е посебно, едно во 600 милиони случаи кое успеало да преживее абдоминална бременост, во својот воденик, вонматерично. Освен Вероника, досега во светот се забележани само 12 вакви случаи.

Родителите на малечката Вероника прво се одлучиле за пораѓање во домашни услови.

„На почеток се’ беше како што треба. Чувствуваше се’ појаки и се’ почести контракции, се подготви за раѓање, а потоа тие нагло престанаа. Тогаш одлучија да побрзаат во болница каде ја оперира тим од десет лекари. Зафатот беше сложен и многу ризичен, но на крајот тие две победија“, раскажува блиска роднина на мајката.

Следни Објави

Јули ќе биде пеколен за овие знаци: Чувајте се!

Астролозите прогнозираат дека јули ќе биде специфичен месец за сите хороскопски знаци. Ѕвездите предупредуваат на внимание и на промисленост, особено кога се парите во прашање. Сепак, претставниците на следните три знаци ова најдобро ќе го почувствуваат на своја кожа. Близнаци Ќе бидете преоптеретени на работното место. Ќе ви задаваат невозможни […]