fbpx

Вдовица се омажи за свекорот: Кога ја откри причината, сите се запрепастија

На социјалните мрежи се појави бизарна исповед на една жена. Откако останала вдовица, ја запросил нејзиниот свекор. Прво го одбила, но потоа се предомислила, наводно од интерес, а не дека така сакала.

„Се омажив за родениот татко на мојот покоен сопруг поради неговата пензија, но се случија некои непланирани работи“, ја почнува својата приказна оваа жена која шокира многумина.

Откако нејзиниот сопруг го напуштил овој свет пред пет години, таа останала сама со четирите сина.

„Немав никој до мене, освен нив. Ми беше многу тешко, стравував за иднината, за нивното растење, за обврските кои следуваат. Лани свекорот ми понуди брак. И тој беше сам, свекрвата почина една година по смртта на маж ми. Се чувствував грозно, но се обиде да ми објасни дека тоа го прави за мое добро, да можам да ја наследам неговата пензија и на тој начин да си ја обезбедам иднината. Инаку, свекорот има германска пензија и е прилично висока за нашиот стандард. Цел месец се јадосував, размислував и на крајот прифатив“, искрена е таа.

Кога е во прашање нивната комуникација, се’ било во ред до пред еден месец кога ја преминале црвената линија.

„Живи луѓе сме, не’ понесе моментот и завршивме во спалната. До тогаш, пет години немав спиено со маж. Се обидовме да делуваме трезвено и се договоривме дека ова би го повториле тогаш кога ќе почувствуваме силна потреба. Па, подобро да спијам со него, отколку со другите мажи во селото и да ги брукам децата и покојниот сопруг. За мојата афера со свекорот засега не знае никој во селото“, завршува таа.

Следни Објави

Почина познатиот актер, ѕвездата од „Титаник“ (ВИДЕО)

Ѕвездата на „Титаник“, Лу Палтер, почина на 94-годишна возраст од рак на белите дробови. Славниот актер се упокоил во својот дом во Лос Анџелес, соопшти неговото семејство. Роден во Њујорк, најмногу ќе го паметиме по улогата на магнатот Исидор Штраус, чија трагична љубовна приказна беше инспирација за најемотивната сцена во […]