fbpx

Помага за пород, штити од болести: Овој македонски манастир има лековита вода

На три километри од селото Сливница, во падините на Баба Планина на источниот брег од Преспанското езеро, се наоѓа Сливничкиот манастир.

Според преданијата, околу манастирот се простирала огромна борова шума која изгорела во пожар.

Подигнат е во 1607 година и од тој период потекнува и живописот во храмот, како и дрвениот иконостас со престолните икони, царските двери и големиот крст.

Во склоп на манастирот има конаци кои ги користат жителите на Преспа.

Конаците се изградени при крајот на XVII век и на два пати биле опожарени. Неговата обнова е започната во 1994 година и до 1998 година обновени се 20 конаци со 90 легла, е наведено на официјалната страна.

Во дворот на манастирот постои чешма за која се верува дека е света и лековита вода. Домарот на црквата вели дека лечи од болести и помага за пород.

Фото: Википедија

„Оваа вода досега им помогнала на брачни двојки што биле во брак и по 19 години без деца. Помош бараат дури и Албанци што разбрале за нејзината чудотворност. Им помага и Богородица“, раскажа во една прилика чичко Бошко кој од закоравен комунист пред триесет години почнал да верува во Бога кога за малку не го каснала змија.

Следни Објави

Бебето на Викторија почина во сон, очајната мајка се упокои 14 часа подоцна: Семејна трагедија во Британија

Неутешна мајка починала од проблеми со срцето, само 14 часа откако нејзиното петмесечно бебе починало во сон. Ова е резултатот од истрагата за трагедијата што се случи на 9 август минатата година во домот на Викторија Мардосиен во Њукасл. Итната помош пристигнала бргу по повикот дека петмесечниот син Кевин Дегитас […]