fbpx

Патувавме без клима, сите имавме исти сандали: Вака се летуваше во Југославија!

Во овој период од годината природно ни доаѓа да евоцираме спомени од едни посреќни денови – летувањата од детството. Со нетрпение го очекувавме тргнувањето во раните утрински часови за да не ја фатиме гужвата и жештината.

Освежувањето во возилата настапуваше евентуално кога ќе ги спуштевме прозорците, онака механички. Немаше клима уреди ниту во кафулињата, ниту во изнајмените соби.

Југото беше бавно и патувавме „цела вечност“. Јадевме сендвичи со салама кои мама ги подготвуваше и така размачкани се радувавме на моментот кога за првпат таа година ќе го здогледавме морето.

Опремата за плажа беше неспоредливо поквалитетна од денешната, дел од неа се користи и денес. Сите носевме исти сандали, а на плажа ретко кој одеше без фрижидерче.

Во продолжение неколку летни фотографии од поранешната Југославија!

Следни Објави

Помолете се за Петровден: Еве што мора да направите!

Го славиме Петровден, еден од најголемите празници по Велигден што секоја година се одбележува на 12 јули.  Празникот е посветен на Апостол Петар, а именден празнуваат сите кои го носат неговото име: Петар, Петре, Петра, Петруна, Петранка… Петровден повеќе се смета за црковен празник. Постарите луѓе одат во црквата, а кој […]