fbpx

Мажи и жени крвнички се тепаат, деца гледаат: Драма во Штип (ВИДЕО)

Шокантна снимка од тепачка на градскиот базен во Штип објави локалната телевизија „ТВ Стар“.

На видеото кое стана вирално јасно се гледа физичка пресматка меѓу повеќе мажи и жени, се кубат за коси и си удираат тупаници додека деца набљудуваат одстрана.

Корисниците на социјалните мрежи коментираат дека ова однесување е крајно непристојно, особено затоа што се случува на јавен простор и пред малолетни лица.

Предмалку МВР се огласи со детали за тепачката.

„На 17.7.2023, во 16.10 часот, во Полициската станица Штип, Е. Н. (25) од с. Бучим, Радовишко, пријавила дека околу 15.30 часот на градскиот базен во Штип била физички нападната од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Следни Објави

Го прашаа како се разладува: Неговиот одговор е хит! (ВИДЕО)

Според временската прогноза, екстремно топлото време ќе продолжи и во наредните денови, па сите бараме начин како да се разладиме. Новинарка праша случаен минувач како се разладува на овие горештини, а неговиот одговор насмеа многумина. „Пијам пиво“, ѝ одговара тој. „А како ќе се разладувате кога времето ќе биде уште […]