fbpx

Почина Марија, младата македонска докторка која нѐ обедини сите

Од рак на дојка почина македонската докторка Марија Бунда Калпак.

Оваа млада сопруга и мајка, инаку дерматолог по професија, уживаше голема популарност и поддршка од јавноста откако одлучи да ги сподели најважните работи што ги научила од оваа битка.

-После прекинот на доењето со моето второ дете ми се појави „грутка“ во левата града, но мислев дека не е ништо. Како и да е, отидов на преглед затоа што грутката се зголемуваше и почна да ме боли. Направив ехо кај доктор што нема да го споменувам и бев уверена дека се’ е во ред.
Си реков: „Ова е само густо масно ткиво!“. Е, тука е мојата најголема грешка, што сликите од ехото не ги покажав на мајка ми. Мајка ми е инаку радиолог на дојки во Англија и е ментор на спезијализанти од Кембриџ. Не ѝ кажав за сето ова, дури по два месеци кога навистина почна да се зголемува и сериозно се загрижив. Итно направивме магнет со контраст на дојка и тогаш ги слушнав најлошите зборови во 2020 година, од мајка ми: „Марија ова изгледа малигно. После тоа веднаш направивме биопсија за да се одреди каков вид на карцином е. Мојот беше Естроген позитивен, Хер негативен. И тоа претставуваше почеток на најлошата недела во мојот живот-неверување, страв, обвинување“, раскажа Марија пред две години.

На нејзиниот профил на „Инстаграм“ на кој има 12.000 следбеници веќе осамнаа коментари со сочуство. Тажната вест ја сподели и познатата македонска дизајнерка Маја Кикириткова.

Следни Објави

Падна одлука! Средства ќе им бидат префрлени на ОВИЕ македонските граѓани, повисок прилив од септември

Од септември пензионерите ќе имаат повисоки пензии за шест отсто. Mинистерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, на својот фејсбук-профил ја објави добрата вест за највозрасните македонски граѓани. „Обезбедивме постојан раст на пензиите. Согласно претходната методологија пензиите во месец јануари 2022 година пораснаа за 2.9%. Со новата методологија пензиите пораснаа […]