fbpx

Естрадата се збогува, ја загуби битката со болеста: Роби, почивај во мир!

По долго боледување, почина славниот пејач, гитарист и композитор Роби Робертсон, јави „Варајети“.

Ќе остане најзапаметен како лидер на американско-канадската група The Band.

„Во моментот на неговата смрт Роби беше опкружен со семејството, вклучувајќи ја неговата сопруга Џенет, поранешната сопруга Доминик, нејзиниот партнер Николас и децата Александра, Себастијан и Делфин со партнерот Кени. Позади себе ги остави и внуците Ангелика, Донован, Доминик, Габриел и Серафина. Робертсон неодамна го заврши својот четиринаесетти филмски музички проект Killers of the Flower Moon“, напиша неговиот менаџер во соопштението.

Робертсон имаше близок однос и одлична соработка и со легендарниот холивудски режисер Мартин Скорсезе.

Откако во 1976 токму Скорсезе го сними документарецот за последниот концерт на The Band, култниот „Последниот валцер“, Робертсон соработуваше со режисерот како композитор и музички продуцент, речиси на сите негови филмови, од „Разјарениот бик“, преку „Волкот од Вол стрит“, до „Ирецот“ и последниот, „Месечевиот цвет“.

Следни Објави

Ќе се изненадите како изгледа денес: Беше прва пејачка на „Магазин“ и горда Македонка

Родена е во Сплит, но нејзините родители Вера и Боро се горди Македонци. Беше пејачка на легендарната група „Магазин“ од 1983 до 1990 година, со групата сними вкупно седум албуми, а хитовите од тоа време како „Коколо“, „Ти си жеља мог живота“ и „Три сам ти зиме шаптала име“ се’ […]