fbpx

Ќе се изненадите како изгледа денес: Беше прва пејачка на „Магазин“ и горда Македонка

Родена е во Сплит, но нејзините родители Вера и Боро се горди Македонци.

Беше пејачка на легендарната група „Магазин“ од 1983 до 1990 година, со групата сними вкупно седум албуми, а хитовите од тоа време како „Коколо“, „Ти си жеља мог живота“ и „Три сам ти зиме шаптала име“ се’ уште се слушаат во поранешните ју-републики.

Лилјана Николовска се отсели од Југославија веднаш по излегувањето од бендот и денеска живее во Сан Педро, Калифорнија.

– Дури и кога заминав, првите три години куферите ми беа спакувани и подготвени да се вратам дома. Сепак, судбината сакаше да останам овде. Пронајдов бенд кој ми се допаѓа, се вљубив, станав мајка.. Задоволна сум и среќна – раскажа пејачката во едно интервју.

Признава дека единственото нешто што ѝ недостасува се нејзините фанови, но и некои драги луѓе со кои работела. Се’ уште снима нови песни, но повеќе за душа, сосема неоптоварена за активно враќање на сцената. Води мирен живот, има голема градина и неколку миленици.

Николовска има еден неуспешен брак позади себе со фотографот Јадран Лазиќ. Во 1995 година таа се омажи со музичарот Пит Мазич со кого го имаат синот Тони.

Следни Објави

Денес изговорете ја оваа молитва и сите гревови ќе ви бидат простени! Ги славиме светите апостоли

Македонската православна црква и верниците денеска ги празнуваат Светите апостоли Прохор, Никанор, Тимон и Пармен. Четворицата беа од бројот на Седумте ѓакони и од Седумдесетте апостоли. Останатите тројца ѓакони беа: Стефан, Филип и Николај. Првомаченикот Стефан се празнува одделно на 27 декември, а Филип на 11 октомври. Николај не влезе […]