fbpx

Чистењето веце-шолја никогаш полесно: Неверојатна финта со овој кујнски производ

Една жена од Австрија со своите пријатели на „Фејсбук“ сподели трик за чистење од кој жените се воодушевени.

Таа ја откри тајната како наједноставно да го исчистите тоалетот од најтврдокорните дамки со помош на само еден производ кој инаку се користи за печење.

Лорен им раскажа на домаќинките како преку ноќ се уверила во неверојатните својства на лимонтусот.

„Лошо ми паѓа кога треба да го чистам тоалетот. Сега тој дел од работата ми е песна. Тајната е во две чинии (околу 25 грама) лимонтус кои се оставаат во веце-шолјата ни повеќе, ни помалку, туку точно девет часа. Најтешкиот дел од процесот е луѓето да внимаваат во тој период да не ја користат шолјата. Сакав да користам средство за чистење, но ова е значително поевтино“, напиша Лорен во нејзината објава, споделувајќи и фотографија од одличната трансформација.

Другите жени во групата се воодушевија од идејата, а подоцна споделија и свои искуства.

„Го користам лимонтусот на дневно ниво за чистење на тоалетот. Одличен е затоа што нема хемикалии, па и децата можат да чистат со него“, коментира една мајка.

„Лимонската кислеина е најдобра! Одлична е за тоалети“, се согласи уште една жена.

Лимонтусот е адитив кој често се користи во домаќинствата, особено за подготовка на зимница. Има својства да го забрзува процесот на гелирање, при подготовка на џемови и да ја задржува бојата на овошјето. Обезбедува кисел вкус на зимницата.

Следни Објави

Кукла! Еве која е новата девојка на Бојан Миовски

Еден од најдобрите македонски фудбалери, Бојан Миовски, продолжува со својата неверојатна игра во дресот на шкотски Абердин. Новиот тренер на клубот, легендарниот Нил Ворнок, имаше само пофални зборови за Македонецот по мечот против Бонириг Роус во Националниот куп на оваа земја.  „Бојан Миовски е најдобриот напаѓач кој го имам тренирано“, […]