fbpx

До смрт го претепале за музика во ресторан: Шок детали за убиениот Душко

Шест лица на возраст од 28 до 40 години се уапсени за убиството на Душан А. (47) кој синоќа бил претепан до смрт во ресторанот „Панорама“ во Младеновац.

Убиениот Душко кобната ноќ бил во кафеана со неговиот син В.А., кој исто така е повреден во тепачка.

„Дуле беше со синот и со кумот. Славеше роденден на синот во некоја кафеана, па свратиле овде на жива музика. Седнаа на масата, а спроти нив имаше друга собрана екипа. Во еден момент Дуле сакаше да нарача песна, но шестмината осомничени се побуниле и не му дозволиле. Одеднаш настана хаос, маж го удри со шише. Човекот само падна, ова е навистина несреќен случај. По тепачката сите побегнаа. Веднаш беа повикани полиција и брза помош која пристигна половина час подоцна. Човекот многу крвареше“, сведочат за српска „Нова“ од објектот каде што се случил немилиот настан.

Соседите од улицата кадешто се случила тепачката велат дека групата уапсени млади момчиња живееле во близина на ресторанот и дека од претходно ѝ се познати на полицијата како проблематични.

Следни Објави

Оваа девојка се самоуби пред роденденот: Нејзините последни зборови го кршат срцето

Данијел Финлај Брукс, девојка по потекло од Англија, се самоуби додека работеше како келнерка во Шпанија. Истрагата за нејзината смрт која се случи во мај 2020 година откри порака која во нејзиниот стан ја пронајде нејзина пријателка, а која содржеше извинување и проштален говор кој им го остави на саканите. […]