fbpx

Тато, јас од овде нема жив да излезам! Роберт со потресно сведоштво за синот: Пекол во грчките затвори!

Со пеколен дочек во грчките затвори се соочиле навивачите на Динамо кои беа уапсени за масовна тепачка во Атина. Меѓу нив и 21-годишниот член на „Бед Блу Бојс“, еден од притворените за убиството на 29-годишниот навивач на АЕК, Михалис Качурис.

Тој почнал да добива директни смртни закани истиот ден кога завршил зад решетки. Му се јавил на татка си само неколку часа по пристигнувањето во затворот и му ги соопштил страшните детали.

„Тато, јас од овде нема жив да излезам. Ме ставија во затвор со навивачи на АЕК. Веднаш ме опколија, ми покажаа отсечена глава, ми се заканија дека утрото нема да го дочекам.. Ова беа зборовите на мојот син“, раскажува Роберт Жига, таткото на уапсениот навивач, за „Дневник.хр“.

Тој се обидел да го утеши своето чедо.

“Го охрабрив, му реков дека се’ ќе биде во ред. Ми рече: „Извини, знаеш дека се зафркнав и дека ова можеби е последен пат да се слушнеме. Така ни заврши разговорот”, открива Роберт.

Според последните информации кои ги добил, неговиот син е сместен во затвор на околу 150 километри од Атина. Во истиот затвор завршил уште еден хрватски навивач. Познато е дека има 23 години и дека е во друга ќелија. Властите, наводно, не му дозволуваат да се слушне со родителите, пишуваат хрватските медиуми.

Следни Објави

Крвна одмазда му го промени животот: Милан Станковиќ за болното минато

Српскиот пејач Милан Станковиќ ги вознемири своите фанови кога медиумите почнаа да пишуваат за смртта на неговиот татко Горан. По пет години во затвор починал под неразјаснети околности. Официјалната верзија е дека паднал од скеле, но семејството на пејачот не верува во тоа. Милан на почетокот на својата кариера зборуваше […]