fbpx

Светот во шок! Актерот од омилената серија осуден на 30 години затвор

Дени Мастерсон, актерот кој се прослави по улогата на Стивен Хајд во хит серијата „Луди седумдесетти“, е осуден на 30 години затвор, јавуваат американските медиуми.

Тој беше обвинет за силување на три девојки, за злоставувања кои се случиле пред две децении, а прогласен е за виновен за два од трите случаи.

Пресудата доаѓа шест месеци по првото рочиште кога актерот се соочи со обемно со обвинение за силување на три жени кои ги запознал во скиентолошка црква во која и самиот членувал.

Мастерсон беше обвинет од три жени дека ги дрогирал, им ставал наркотици во пијалоците во периодот од 2001 до 2003 година, а потоа ги силувал во неговата луксузна куќа во Лос Анџелес.

Следни Објави

Денеска е посебен ден! Една работа ве дели од Божјата светлина

Денеска е Св. маченици Адријан и Наталија Маж и жена, обајцата од благороден и богат род, од Никомидија. Адријан беше незнабожец и началник на преторот, а Наталија потајна христијанка. Беа млади и живееја во брак тринаесет месеци до мачеништвото. Кога свирепиот цар Максимијан ја посети Никомидија, заповеда христијаните да се […]