fbpx

Неочекуван потег на Коста, сите се чудат: Секој ден го мачи истото прашање

Момчето Коста Кецмановиќ (13), кое пред три недели уби девет свои врсници и обезбедувачот на училиштето во Врачар, се наоѓа на психијатриската клиника и секојдневно врши притисок врз лекарите да го ослободат.

Како што тврди, „нема никаква причина повеќе да остане во болница“. Сепак, шансите тоа да се случи се практично никакви.

Момчето убиец за неговото дело е затворено во специјална институција, во изолација. Сето ова време не покажува каење, ладен е и смирен и не бара никого да контактира. И претходно поставувал прашања од типот „Кога ќе излезам?“ и „Какви се последиците од тоа што го направив?“, но последните неколку дена наводно им вршел сериозен притисок на лекарите.

Коста секојдневно им го поставува на лекарите прашањето: „Дали излегувам денеска?“, коментирајќи дека „нема повеќе причина да е тука“, бидејќи „сите прегледи се завршени“.

Од друга страна, лекарите сметаат дека момчето-убиец се’ уште е опасност за околината и дека постои можност да го повтори истото или слично кривично дело, доколку има можност.

„Никој не може да го исклучи тој огромен ризик“, вели соговорникот на „Блиц“ кој е запознаен со случајот.

Во белградската полиција завчера била сослушана и М.К.(46), мајката на Коста.

„Мајката е сослушана во својство на граѓанин. Зборуваше со часови. Таа не е обвинета за никакви кривични дела. Таа кажа се’ што ѝ беше побарано, одговори на сите прашања. Нејзината цел, како и сите други, е да го реши ова, да види што е „проблемот“ и да го најде најдоброто решение за целата оваа ситуација. Што се однесува до приказната дека К.К е дете на разведени родители, тоа не е вистина. Таткото и мајката живеат заедно цело време, не се разделени и, како што рече мајката, тоа е хармонично семејство кое соодветно се грижело за своето дете. Наведе и дека во никој случај никој не можел да претпостави дека делото за кое е осомничен ќе го стори К.К.“, открива извор од истрагата.

Следни Објави

Девојче (11) почина под чудни околности: Родителите в болница ја слушнале болната вистина

Фалак Бабар (11) трагично почина неколку недели откако се онесвести и ја удри главата во бањата во нејзиниот дом во Рочдејл, Велика Британија. По инцидентот, девојчето почнало да „се жали дека се чувствува лошо“, а родителите ја однеле во болница. Направен е скенер на мозокот и Фалак е итно оперирана, […]