fbpx

Се појави непозната жена на погреб: Стоеше над ковчегот, ѝ најдоа нешто шокантно

Кога членовите на едно ожалостено семејство здогледале непозната жена на погребот кај нивната роднина, од пристојност ѝ дозволиле да застане над отворениот ковчег и да се прости со покојничката.

Жената имала околу шеесет години, а им се претставила како пријателка на умрената.

Сепак, подоцна сфатиле дека починатата останала без накитот – златно ланче, прстен и обетки.

Фамилијата веднаш ја алармирала полицијата која бргу ја пронашла сомнителната пријателка. Истрагата покажала дека жената живее во близина на погребалната служба во градот Лијевен. Во домот на приведената бил пронајден украдениот накит.

Но, овде не завршила приказната. Полицијата дознала дека истата госпоѓа е вмешана во уште неколку идентични кражби. За време на претресот, во нејзината спална соба биле пронајдени куп неодамна објавени некролози. Таа дури поседувала и кодови за пристап во просториите во кои се наоѓале сандаците.

Следни Објави

Почина познатиот фолк-пејач: Беше прекрасен сопруг и татко

Еден од најпознатите британски пејачи на фолк музика, Роџер Витакер, почина на 87-годишна возраст. Во соопштението на неговото семејство, кое го објави германски „Билд“, се наведува дека уметникот починал на 13. септември во болница во јужна Франција. Познатиот пејач ги испеа хитовите Durham Town, New World In The Morning и […]