fbpx

Се сеќавате ли на „Операција триумф“? Победникот доживеа трагедија два дена пред свадбата

Сигурно се сеќавате на големото регионално музичко шоу „Операција триумф“ кое пред 14 години се емитуваше и кај нас.

Иако нашиот Александар Белов беше апсолутен фаворит, на крајот сепак триумфира босанскиот натпреварувач Аднан Бабајиќ.

Мислењата на публиката тогаш беа поделени. Додека едни му предвидуваа голем успех, други сметаа дека воопшто не ја заслужил победата.

Најголемата трагедија му се случи на само два дена пред венчавката кога почина мајка му Улфета. Подоцна Аднан се ожени со долгогодишната девојка Лејла.

Според податоците на социјалните мрежи, денес живее во Чикаго, а судејќи по фотографиите што ги објавува, не живее воопшто лошо.

Освен што живее од настапи, работи и како организатор на забавни ивенти, а во една прилика изјави и дека ѝ е менаџер на Марија Шерифовиќ за тамошниот пазар.

На изненадување на многумина, Аднан неодамна лансира и своја линија козметички производи.

„Многумина пишуваа дека ја баталив кариерата, но тоа не е точно. Ме бараат луѓето од поранешна Југославија, редовно пеам на свадби. Тоа се се’ добри клубови и многу сум задоволен“, изјави во едно интервју.

Аднан и неговата сопруга пред неколку години го добија и синот Адин кој Бабајиќ често го објавува на „Инстаграм“.

Следни Објави

Луѓето со бемки на овие 10 места се родени за богатство и успех

Хиндусите од Малезија веруваат дека бемка на одреден дел од телото означува конкретна состојба и дека во голема мера ја предодредува судбината. Многу се важни големината, обликот и бојата, а ако имате бемка на следните десет места, можеби не сте ни се’ уште свесни колку сте посебни. Бемка на половината […]