Тешка несреќа се случи
Во сообраќајната несреќа во Тузла, која се случи на 27 октомври, загина синот на босанската пејачка Лејла Шабиќ.
Познатата интерпретаторка не може да се помири со смртта на своето 27-годишно чедо, а пораки со поддршка во овие исклучително тешки мигови за неа пристигнуваат од колегите од цел регион.
Лејла на социјалните мрежи објави и видео од превртениот автобус кој бил управуван од нејзиниот син Амар.
Се огласи и нејзината снаа, сопругата на Амар.
„Душо моја, зошто ме остави“, напиша таа на „Инстаграм“ со емотикони бел гулаб и скршено срце.