fbpx

Пресврт! Таткото на Вања ги открил виновниците и го решил случајот, тврди српски политичар

Контроверзниот српски политичар Срѓан Ного кој на социјалната мрежа „Икс“ објави фотографии во врска со двојното убиство на Вања и Панче, за денеска имаше најавено нови ексклузивни материјали, но се предомисли и не ги објави.

Тој на „Јутјуб“ сподели само кратко видео во кое тврди дека таткото на 14-годишната Вања ги открил виновниците и го решил случајот.

За утре најави досега невидени информации и видео на неговиот јутјуб-канал.

Во денешната објава вели дека има снимки од бензинска станица каде се гледа како Панче Жежовски е заедно со киднаперите, но се слуша и таткото на Вања како разговара со инспекторите.

Со овие објави српскиот политичар отвора сомнеж дека токму таткото на убиената Вања го открил целиот случај, а не полицијата.

Александар Ѓорчевски, таткото на Вања, сѐ уште е во притвор.

„Снимките докажуваат дека тој лично, а не полицијата, го открил, поврзал и разрешил случајот со исчезнувањето на Панче Жежовски и неговата ќерка, па ги предал доказите за што е неправедно осомничен, уапсен, и медиумски сатанзиран. Ќе објавиме и многу други информации скриени од јавноста“, најавува Ного.

Следни Објави

Денеска е Бадник: За здравје направете го ОВА!

Православните христијански верници во Македонија денеска го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божик Семејството на Бадник се собира на заедничка вечера и според обичајот оваа вечер не се оди на гости. Се прави богата, посна трпеза. Домаќините се трудат да принесат од се’ по нешто за […]