Актерката Весна Петрушевска преку видео обраќање на социјалните мрежи им откри на своите следбеници дека здраствената состојба на мајката и на сестрата на убиената Вања Ѓорчевска е нарушена.
Според информациите кои таа ги имала, сестричката на Вања била изложена на операција на срцето, а мајката имала сериозни здравствени проблеми со дишењето.
„По целата колективна траума, дали сме се запрашале во каква состојба се мајката и сестрата на Вања. Сите зборуваме за камерите и за Цитроенот, но никој не праша како се мајката и сестричката на Вања и тоа е нашиот поразот“, нагласува Петрушевска.
Таа забележува дека премногу зборуваме за сторителите на насилството, но дека забораваме на жртвите на насилството.
-За жал, општествената одговорност е на многу ниско ниво и општеството се бави со „ниски теми“- подвлекува Петрушевска.
Како мајка, таа накратко се осврна и на своето трауматично искуство, кога нејзината ќеркичка Мина беше жртва на напад од педофил.