fbpx

Страшно! Нови сознанија за мајката и сестрата на убиената Вања

Зорица Ѓорчевска, мајката на свирепо убиената 14-годишна Вања, заедно со помалата ќерка од пред некој ден се наоѓаат на една од скопските клиники, дознава „24инфо“.

Порталот тврди дека ја знае и конкретната клиника на која се сместени мајката и ќерката Ѓорчевски, но дека водејќи се од морални принципи истата нема да ја објави, со надеж дека брзо ќе се справат со здравствените потешкотии.

Мајката на Вања вчера и самата за српска „Република“ потврди дека има хронична болест, но дека добро се држи и најважно ѝ е да ја дознае вистината.

Во ексклузивната исповед кажа дека се’ уште не знае зошто ова се случило, дека уште го чека епилогот и дека не ѝ е јасно зошто нејзиниот живот се претворил во пекол.

Зорица и вчера тврдеше дека со сопругот биле во добри односи, иако се разведени веќе пет години.

Оние што ги познаваат, велат дека заедно се грижеле за ќерките.

Следни Објави

Македонски професор предупредува: Бричените глави ќе им се удрат од глава

Проф. д-р Гордан Калајџиев сподели краток коментар на социјалните мрежи кој предизвика полемики во јавноста. „Ова со бричењето на главите ќе им се удри од глава“, напиша тој на „Фејсбук“. Како што јавноста веќе виде, сите четворица осомничени за убиството на 14-годишната Вања пред Основниот кривичен суд во Скопје беа спроведени […]