fbpx

Неочекуван пресврт! Нови шокантни моменти за убиството на малата Вања

Српскиот политичар Срѓан Ного се огласи со нови контроверзни тврдења.

Тој во својата последна објава тврди дека покрај Вања, требала да биде убиена и нејзината помала сестра. Вели дека целта не била изнуда туку убиство и на двете девојчиња.

Среќната околност за сестрата на Вања, според Ного, била што помалата сестра немала прв час тој ден.

„Вања Ѓорчевска е убиена во нарачана и платена ликвидација. Никогаш не постоел план таа да се киднапира поради откуп. Туку од почетокот е планирано нејзино убиство и убиство на нејзината сестра. Тој план требаше да биде реализиран уште во петок на 24-ти ноември. Среќа во несреќа е што тој ден нејзината помлада сестра Миња немала прв час, па ја киднапираа и убија само Вања“, вели контроверзниот политичар.

Тој се сомнева и околу мотивот за евентуално киднапирање.

„Зошто таткото на Вања ѓ би влегувал во така небулозна ситуација кога има три стана во свое сопствеништво. Да му требале пари можел без никаков проблем да продаде некој од своите станови, или дури и сите три, и да земе 500 илјада евра за нив. Становите се негови и со нив може слободно да располага“, вели тој. 

И во претходните објави тој застана во одбрана на таткото на Вања.

„Снимките докажуваат дека тој лично, а не полицијата, го открил, поврзал и разрешил случајот со исчезнувањето на Панче Жежовски и неговата ќерка, па ги предал доказите за што е неправедно осомничен, уапсен, и медиумски сатанзиран. Ќе објавиме и многу други информации скриени од јавноста“, најави претходно Ного.

Следни Објави

Естрадата во шок: Почина познатиот пејач кој сними дует со Лепа Брена

Почина Мирослав Живановиќ-Пиле, фронтменот на групата „Алиса“. Тажната вест на социјалните мрежи ја сподели неговиот брат. „Драги пријатели, со голема тага ве известувам дека денеска почина мојот пријател, брат и водач на нашиот бенд „Алиса“, Мирослав Живановиќ-Пиле. Почивај во мир пријателе, со твојот ангелски глас достоен за небескиот свод“, напиша […]