fbpx

Се сликаше пред икони, а си го уби детето: Уапсена е, еве која е мајката

Mајка (37) си го убила своето шестмесечно бебе.

Го тепала со тупаници и со шише пред своите две малолетни ќерки на возраст од шест и од седум години.

Грозоморниот чин се случил во Макрохори, Иматија, Грција.

Девојчињата кои ги има од првиот брак веднаш ги алармирале бабата и дедото на несреќното дете. Кога пристигнале во домот го нашле детето сериозно повредено и во бессознание, па го пренеле во болницата во Верија.

Бебето било тешко повредено и немало пулс. И покрај натчовечките напори на лекарите, не преживеало.

Полицајците од одделот за безбедност во Верија дошле на местото на настанот и ја уапсиле мајката за убиство. Според информациите, жената страдала од постпородилна депресија.

Кога ја привеле, таа го повторувала следново: „Јас не го сторив тоа, некој друг го стори“.

Полицијата спроведува истрага за околностите околу смртта на шестмесечното бебе. Резултатите од обдукцијата се очекува да покажат што точно се случило.

Несреќното бебе го добила со вториот сопруг кој наводно ја оставил пред околу еден месец.

Следни Објави

Естрадата му се поклонува, врти милиони: Нема да верувате кој е на сликата

Овој успешен бизнисмен стана синоним за најгледаното музичко натпреварување во регионот кое повеќе од една деценија создава нови пејачки ѕвезди. Го паметиме од златните времиња на Лепа Брена кога ја придружуваше со неговиот бенд „Слатки грех“, а сега на социјалните мрежи е споделена негова фотографија која изненади многумина и ретко […]