fbpx

Беше најпосакуваната жена во Југославија, а потоа се фати за лопата

Иако во мај минатата година наполни 60 години и ја раситни седмата деценија од животот, се’ уште е препознатлива по младешкиот дух и по позитивноста.

Беше и остана заштитен лик на популарната југословенска група „Нови Фосили“, а рефренот „Ја сам за плес“ многу генерации се’ уште си го потпевнуваат.

Сања Долежал и денес изгледа одлично, а покрај музиката, паралелно градеше и успешна ТВ-кариера со серијал емисии посветени на нејзината голема страст-готвењето.

Во една прилика раскажа дека е горда на сите нејзини проекти, но најмногу се гордее со своите деца, ќерката Леа и синот Лука.

Пејачката често објавува слики на својот инстаграм-профил. Се’ уште една од најкоментираните нејзини фотографии е онаа на која позира со лопата во рацете, со гумени ракавици и без шминка.

Всушност стануваше збор за маркетиншка кампања откако ја ангажираа во реклама за витамини за кои таа вели дека ѝ ја одржуваат енергијата.

Сеедно, Сања покажа дека одлично изгледа и во вакво природно издание и дека е подеднакво атрактивна и на нива и на сцена.

Следни Објави

По три спонтани абортуси го прашав Бог: Зошто? Пeјачката со потресна исповед

Славната американска пејачка Кери Андервуд имала дури три спонтани абортуси во само две години. Омилената кантри-ѕвезда неодамна си ја отвори душата во интервју за Би-Би-Си, нагласувајќи дека се плашела оти ќе доживее и четврт неуспех. Во тоа време била силно повредена и лута за сè што ѝ се случувало во животот, […]