fbpx

Црн ден за естрадата: Загина легендарниот балкански музичар

Во тешка сообраќајна несреќа на државниот пат што ги поврзува Задар и автопатот А1, во месноста Тромиље, загина познатиот далматински музичар, мултиинструменталист и професор Иво Бркиќ.

До несреќата дошло кога на раскрсницата со патот кон Шкабрња свртел лево и му ја одзел предноста на автомобилот со задарски регистерски таблички управуван од 42-годишен маж кој се движел од правец на Земуник кон Смилчиќ.

Двајцата возачи со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Задарската општа болница, каде Бркиќ починал од повредите, додека 42-годишникот се здобил со полесни повреди.

Како што пренесува „Шибенски“, професорот Иво Бркиќ е роден во Тузла (БиХ), а на јавноста ѝ стана познат откако докторираше во 2020 година, на 74-годишна возраст, на Катедрата за музичка уметност на Уметничката академија на Универзитет во Сплит на тема „Музика и игра фолклорот на Буковица и Равни Котар со осврт на периферните области“.

Тој беше првиот музичар што систематски го обработи народното наследство од областа од Карлобаг до Крка.

Следни Објави

Им ја убија ќерката Марија: Овие родители направија нешто незамисливо

Додека нејзината 24-годишна ќерка лежела мртва, ожалостената Елизабета Хименез размислувала и за човекот кој ја предизвикал нејзината смрт Седејќи во болница додека минувале часовите, Елизабета Хименез била обземена од тага. Нејзината сакана ќерка Марија лежела во близина, а животот ѝ бил одземен само неколку недели пред нејзиниот 24-ти роденден. Елизабета […]