fbpx

Чувствувала замор, сите се чуделе кога зборувала: Потоа стигнала страшната дијагноза

Оваа жена забележала дека нешто не е во ред, па од лекарите добила многу неочекувано објаснување

Кери Кернс од Англија отсекогаш се чувствувала дека не спаѓа во оние луѓе кои се вклопуваат во се’ и сешто. Осаменоста секогаш ѝ била помила, отколку да се дружи со своите врсници.

Родителите ова нејзино однесување ѝ го препишувале на карактерот, но ка крај се покажало дека таа, сепак, има дијагноза.

Како што вели, кога почнала да работи, имала огромни проблеми кога требала гласно да го искаже своето мислење за одредено нешто. За се’ зборувала со премногу страст и поради ова многумина ја доживувале како екстремно агресивна и гневна.

Како поминувале деновите, почнала да забележува дека од работа се враќа преуморна и многу исцрпена. Тогаш, како што вели, конечно сфатила дека нешто не е во ред, но дијагнозата која ја добила било последното нешто што го очекувала.

„Кога ми кажаа дека боледувам од аутизам, не можев да поверувам. Ми објаснија дека сум уморна затоа што по цел ден се маскирам и се обидувам да се вклопам“, раскажува Кери.

Аутизам е нарушување на невролошкиот развој, кое се одликува со намалена способност за социјализација и комуникација и со ограничено и повторливо однесување. Сите овие знаци се манифестираат уште во рано детство.

Аутистичните лица тешко ги разбираат емоциите на другите луѓе, имаат нефлексибилни модели на однесување и често повторуваат идентични постапки. Кога и на нејзиниот помлад син му била поставена истата дијагноза, Кери уште повеќе се заинтересирала за оваа тема и почнала да чита за неа. Се покажало дека и самата страда од истото нарушување.

„Мојот терапевт ми појасни дека толку касно ми е откриен аутизмот бидејќи многу добро функционирам, имам сопруг и деца. Досега мислев дека сум мрзелива и неодговорна, но сега сфаќам дека во тие моменти сум се распаѓала. Кога ќе се соочам со пресилна стимулација, тоа ме исцрпува“, завршува Кери.

Следни Објави

Познатиот турски актер претепан до смрт пред вереницата: Нови детали за трагедијата

Телевизиската компанија „Вокс“ на социјалните мрежи ја објави веста за смртта на познатиот актер и пејач Емре Ајтекин (32), кој се прослави со учеството во реалното шоу „Гудбај Дојчланд“. Актерот почина во Истанбул, каде што живееше со својата вереница Сандра Зепин. Како што објави „Билд“, Емре бил претепан во ресторан […]