fbpx

Познатиот турски актер претепан до смрт пред вереницата: Нови детали за трагедијата

Телевизиската компанија „Вокс“ на социјалните мрежи ја објави веста за смртта на познатиот актер и пејач Емре Ајтекин (32), кој се прослави со учеството во реалното шоу „Гудбај Дојчланд“.

Актерот почина во Истанбул, каде што живееше со својата вереница Сандра Зепин.

Како што објави „Билд“, Емре бил претепан во ресторан за брза храна, откако Сандра била малтретирана од двајца мажи. Емре сакал да ја смири ситуацијата, но брутално го нападнале.

„Жалиме за загубата на Емре, кој трагично почина на почетокот на овој месец. Емисијата „Goodbye Deutschland“ ги следеше него и неговата свршеница Сандра Зепин, нивното патување од Германија до Турција и животот во Истанбул. Нашите мисли се со семејството на Сандра и Емре и сакаме да изразиме искрено сочувство“, напишаа од ТВ-куќата, пренесува „Слободна Далмација“.

„Се обидов да ги одвлечам напаѓачите од Емре, но и тие и мене почнаа да ме удираат. Очите на Емре му беа отворени и имаше многу крв. Ме погледна, му реков дека го сакам, дека не ме оставаат на мир…“, раскажува Сандра за трагичниот настан.

Емре, за жал, од здобиените повреди починал.

„Вокс“ ја покажаа нивната љубовна приказна. Сандра го запознала Емре на одмор и веднаш се вљубила во него. Одлуката била донесена брзо. Во придружба на камери, таа го напуштила Хамбург и по пет месеци врска на далечина со Емре, се преселила во Турција.

Следни Објави

Ова се двете другарки кои загинаа во страшната сообраќајка: „Допрва требаше да живеат“

Нејла Дедеиќ (18) и Барбара Божовиќ (20) загинаа во сообраќајна несреќа во Црна Гора кога во нивниот автомобил удрило Ауди Во страшна сообраќајна несреќа на главниот пат Бар-Улцињ загинаа Нејла Дедеиќ (18) од Рожај и Барбара Божовиќ (20) од Бар, кога на нивниот автомобил Сеат налетал М.Д. со Ауди. Несреќата […]