fbpx

Твојата Македонија никогаш нема да те заборави: Почина Костадинка Велковска

Почина познатата хрватска пејачка и актерка со македонско потекло, Костадинка Велковска.

„Мајка ми почина во недела вечер во старечки дом. Нè боли нејзиното заминување, но се држиме. Се бореше осум месеци“, потврди Никола, синот на 76-годишната актерка.

Велковкса доживеа мозочен удар на 10 јули минатата година. Тогаш некои медиуми објавија дека починала, пред да се огласи нејзината снаа за „Индекс“ за да ја демантира веста.

Актерката имаше богата кариера. Глумеше во серии кои беа доста популарни и кај нас, меѓу кои се „Забранета љубов“, „Нашата мала клиника“, и „Битанги и принцези“.. Имаше неколку забележливи појавувања и на големото платно.

Од неа со емотивни зборови се прости и познатиот македонски текстописец Огнен Неделковски.

„Почивај во мир, наша драга, убава и талентирана роднино. Костадинка Велковска. Голема актерка, уметник, силна и ранлива жена. Твојот Чаир, твоето Скопје и твојата Македонија никогаш нема да те заборават. Оваа наша песна останува засекогаш.

Вечна ти слава“, напиша Неделковски на „Фејсбук“.

Следни Објави

Семејна загуба, па самоубиство, големи трагедии ѝ го одбележаа животот

Големата македонска тетатарска, телевизиска и филмска актерка Костадинка Велковска која по запишувањето на студиите во Загреб продолжи да живее и работи во Хрватска почина во неделата во старечки дом на 76 години. „Нè боли нејзиното заминување, но се држиме. Се бореше осум месеци“, потврди нејзиниот син Никола. Велковкса доживеа мозочен […]