fbpx

„Заспа, во кома е, не е почината“: Се огласи снаата на Велковска

Состојбата ѝ е непроменета, тешка и неизвесна, вели таа

Повеќе хрватски и српски медиуми денеска објавија дека починала познатата пејачка и актерка со македонско потекло Костадинка Велковска.

Уметницата, која долго време е во болница и има големи здравствени проблеми, се’ уште е жива, потврди нејзината снаа за „Индекс“.

„Ситуацијата е непроменета, тешка и неизвесна. Таа е на на неврологија, а на 10 јули доживеа мозочен удар и оттогаш нејзината состојба е непроменета. Не е свесна“, открива таа.

Лажната вест, како што тврди таа, ја споделила една од пријателките на актерката, па некои хрватски портали ја пренеле без истата да ја проверат.

Истата таа пријателка кој ја раширил лажната вест потоа ја контактирала на „Фејсбук“.

„Драги пријатели, штотуку ми се јави снаата на Костадинка. Таа не’ нема напуштено засекогаш, туку заспала и е во кома. Жал ми е што ја сфативте мојата објава поинаку. Бев многу тажна додека го пишував постот. Костадинка ми беше голема пријателка… Костадинка, ти си голем борец, издржи, разбуди се и подари ни ја твојата убава насмевка. Сите те сакаме многу…Ти ветив дека староста ќе ја поминеме заедно. Не смееш да заминеш“, напиша сега таа.

Следни Објави

Агнеса конечно призна што има правено на лицето: Прва исповед за корекциите

Агнеса Органџиева лани на хејтерите им порача дека нема направено никакви естетски корекции и дека во прашање се гени, а сега конечно искрено проговори на оваа тема. Македонката со над 100.000 следбеници на „Инстаграм“ во нејзиното последно интервју вели дека не ѝ пречи кога ѝ вадат муабети дека е пластична […]