fbpx

Најнова вест за Мирко Попов: Се огласи Ивана

Со допис до медиумите доцна вечерва се огласи Ивана Тасев, долгогодишна новинарка и ПР, која професионално соработува и со хоспитализираниот музичар Мирко Попов.

Таа во негово и во свое име, како негов ПР консултант, најљубезно ги замолува новинарите да не превземаат статуси (непроверени информации) од социјалните мрежи, каде овие два дена кружат лажни вести дека починал.

„Земете предвид дека Попов, пред се’ е родител на две деца и дека ги вознемирувате нив, а потоа и неговото поблиско семејство. Во овие тешки моменти за нив, ве замолувам да бидеме луѓе“, пишува во дописот.

Мирко Попов (51), еден од најпознатите македонски автори и продуценти на електронска музика, во вторникот беше хоспитализиран на една од скопските клиники. Неофицијално, причината за хоспитализацијата била обилно мозочно крварење.

Следни Објави

Трагедија! Еве како починала младата докторка и мајка на две деца

Четириесетгодишната Моника Лукровска која работеше како доктор на специјализација загина во тешка сообраќајка која се случи во средата, доцна вечерта на магистралниот пат Скопје – Блаце. Информацијата за смртта на Моника беше објавена на социјалните мрежи на Геронтолошкиот завод од Скопје, каде Моника била дел од тимот на доктори. „Доктор Мони. Остави траги и […]