fbpx

Твојот аманет за добри дела ќе остане со нас: Почина Драгче

Јована Тренчевска, доскорешната министерка за труд и социјална политика, сподели тажна вест на социјалните мрежи.

Таа се прости со потресни зборови од блиска соработничка во кабинетот.

„Да се запознае храбра жена како Драгче наша е привилегија на овој свет. Беше нашиот разум кога беше потребно, беше нашиот глас кога бевме најтивки и беше позитивната енергија кога деновите беа тешки!

На наша огромна тага вчера вечер кабинетот остана без нашата личност која имаше добар збор, совет, трпение и разбирање за секого од нас. Твојот аманет за добри дела и вистинско пријателство ќе остане со нас. Нека ти е светол патот. Почивај во мир!“, напиша Тренчевска на „Фејсбук“.

Следни Објави

Се омажи ќерката на Бранко Црвенковски: Македонски евергрин за првиот танц

Марија Црвенковска, ќерката на поранешниот македонски претседател и премиер Бранко Црвенковски, вечерва прави свадба во познат скопски хотел, дознава порталот „Курир“. Таа денеска му се заколна на вечна љубов на своето долгогодишното момче Дамјан. Младоженците за првиот танц го одбрале евергринот „Љубовта е моја религија“ од Каролина Гочева и Владо […]