fbpx

Македонија тагува, нека ѝ е светол патот: Беше најшармантна и најдобра

Жална вест сподели Драги Змијанац, основач на Првата детска амбасада „Меѓаши“.

Почина д-р Мариа Доневска, доктор по хуманистичките науки на Универзитет во Лоѓ, Полска, 1977 година и доктор по социјалната политика на УКИМ, Скопје, 1994 година.

„Почина драгата Мариа Доневска. За мене таа беше најшармантната и најдобра професорка во светот. Честопати тоа и го кажував. Нека и е светол патот до вечноста. Ќе недостигаш“, напиша Змијанац на „Фејсбук“.

Доневска беше член и на докторските Совети во Институтот за социјална работа и политика и Институтот за педагогија на Филозофскиот Факултет во Скопје. Нејзиниот фокус во науката беше теорија и методи на социјалната работа, сиромаштвото и социјалната исклученост, и волонтерството.

Д-р Доневска има пет самостојно објавени книги, главен уредник и коавтор е на шест книги. Освен тоа, Доневска е автор на 120 публикации во Македонија и другите земји. Координатор на домашните и странските проекти од област на социјалната политика. Под нејзиното менторство докторирале 4 лица, а 15 се здоби со магистерското звање. Визитинг професор на Универзитетот во Ниш, Србија и во на Отворениот Универзитет во Варна, Бугарија каде предавала Теорија и методи на социјалната работа.

Беше член на првата Комисија за лиценцирање на лица вработени во социјална заштита со пет годишен мандат. Д-р Доневска беше член на редакциските одбори на двeтe списанија, почесен член на Собранието на Граѓанско Здружение-Меѓаши, член на Одборот на Граѓанското Здружение ХОПС и консултант на организацијата Паблик.

Следни Објави

Јутјубер бил во подморницата на смртта: Покажа како изгледа внатрешноста, со него бил и еден од починатите (ВИДЕО)

Извесен јутјубер под псевдонимот Скуба Џејк бил во подморницата Титан пред таа да потоне во длабочините и имплодирала. Скуба објави снимка од „Оушн Гејт“ на подморницата Титан како и самото качување неколку недели пред трагедијата, на „Мисија III“. Неговата експедиција на крајот беше откажана поради неочекувани проблеми. Трагедијата во која […]