fbpx

Огромна тага! Пејачката ја загуби битката, Симиќ почина на 41 година

Почина Хариета Симиќ (41), пејачката која се прослави под уметничко име беше Харина.

Симиќ ја загуби битката со ракот на дојка. Пред една недела паднала во кома, а вчера починала, информираат српските медиуми.

„По операцијата кога ми ја отстранија дојката, отидов на хемотерапија и ми рекоа дека сум здрава, но само два месеци подоцна отидов на преглед и докторот ми најде метастази на вратот“, изјави Хариета во едно од нејзините последни интервјуа.

Веднаш по оперативниот зафат почнала да кашла. Состојбата ѝ се влошувала, па лекарите морале да ѝ даваат антибиотици во огромни количини.

„Ништо не ми помогна, а потоа отидов на скен и открија дека има метастази на белите дробови. Се чувствувам како да имам тон на градите, тешко дишам“, изјави пејачката за „Хајп“.

Таа на фановите им откри дека и мајка ѝ починала од истата болест.

„Се плашам дека ќе завршам како мајка ми. Таа почина на 49 години, јас сега имам 41 година“, изјави тогаш преплашената Симиќ.

Следни Објави

Страшни детали за починатата пејачка: Тоа што го сторил маж ѝ ја скршило уште повеќе

Пејачката Хариета Симиќ, попозната како Харина, почина на 41-годишна возраст по долга и тешка битка со ракот на дојката. Харина последниве години се борела како лав, а во најтешката битка во животот сопругот ја оставил, пишуваат тамошните медиуми. Хариета била оперирана од рак на дојка во 2023 година, а неколку […]