fbpx

Во сообраќајка почина познатиот фотограф: Детали за несреќата

Во сообраќајна несреќа во Велес почина познат фотограф од Гостивар, информираат од коалицијата „Вреди“.

Партиите го откажаа вечерашниот митинг во Гостивар од каде што е починатот.

Едмонд Амзаи е сопственик на фото-студиото „Акон“. Роден е 1981 година и позади себе остави сопруга и син.

„Почитувани медиуми, ве известуваме дека митингот на коалицијата „Вреди“ закажан за вечерва во Гостивар во 20:30 часот ќе биде одложен, бидејќи во текот на денот во сообраќајна несреќа животот го загуби младиот гостиварец Е.А.. Во знак на почит ги откажуваме сите активности за денес. До семејството, пријателите и сите жители на Гостивар, изразуваме искрено сочувство!“, соопштија од коалицијата.

Следни Објави

Експерт предупредува: Не пијте кафе веднаш по будењето, ќе зажалите

Д-р Дебора Ли, експерт за спиење од „Гет Леид Бедс“, предупредува за штетноста од пиење кафе веднаш откако ќе се разбудиме. Таа појаснува дека кофеинот делува така што ги блокира рецепторите на аденозин, одговорни за чувството на поспаност во вашиот мозок, па затоа се чувствуваме поживи и побудни. Но, блокирањето […]