fbpx

Професор Трајковски: Еве зошто ќе бидеме први по смртност!

Кривата на вакцинираноста веќе започнува да се израмнува, што значи дека толку бил интересот за вакцинација. Вистинска штета, затоа што вакцинираните во септември би биле најдобро подготвени за есенскиот бран.

Охрабрени од намалувањето на дневните броеви на новодијагностицирани, населението престанало да се вакцинира, а не знае дека летниот мини бран на северозападот беше само најава за тоа што следува есенва во остатокот од државата. Впрочем, веќе се забележува достигнувањето на минимумот, после што ќе започне постепениот раст, загревање за есента.

40-процентниот опфат изгледа дека е максимумот за Македонија. Тоа што властите изнесуваат некакви проценти на вакцинирани во однос на возрасното население повеќе претставува залажување на самите себе, отколку што одразува некаков задоволителен степен на заштита.

За споредба, во Португалија имаат речиси 90% опфат со вакцинација кај вкупното население, преку 50% кај младите од 12 од 18 години и речиси 100% кај постарите од 65 години.

Да не се чудиме потоа зошто сме на светската топ-3 листа според одвишна смртност, а наскоро ќе бидеме и први. Тоа е најлогично за население коешто не сака да се вакцинира, не сака да одржува растојание, не сака да се тестира, а многу сака гужви на свадби и во затворени кафеани.

Фејсбук-статус на Дејан Трајковски

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Одби хемотерапија, но една жена го предомисли: Вака сега изгледа најголемиот заводник

Со децении важеше за срцекршач, беше препознатлив по заводничката насмевка Американскиот актер Вал Килмер беше еден од најголемите холивудски заводници во 80-те и 90-те години на минатиот век. Сите го паметиме по филмските хитови Top Gun и Kiss Kiss Bang Bang, а на големото платно го глумеше и легендарниот фронтмен […]