fbpx

Парното во Скопје поевтинува за 35 проценти: Еве за кого

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, соопшти убава вест.

Новитетите ги соопшти на денешната прес-конференција.

Цената за парното греење се намалува за 35 проценти за сите деловни корисници во град Скопје.

Ова, како што изјави тој, се должи на намалувањето на цената на природниот гас на берзите. 

Од Регулаторната комисија за енергетика информираат дека за околу 35 проценти ќе се намалат февруарските сметки за топлинска енергија за училиштата, деловните корисници, јавните институции..

„Пониски сметки за парно ќе добиваат околу 1 200 потрошувачи приклучени на централно градско греење на ЕСМ снабдување, ЕСМ Енергетика, Скопје Север. Овие корисници трошат 20% од потребните количини на топлинска енергија на ниво на Град Скопје и меѓу нив се образовни институции, деловни корисници: мали дуќанчиња, компании, банки итн. Вонредната одлука доаѓа по сеопфатна длабинска вкрстена анализа на актуелните цени на берза и прогнозираните цени на приодниот гас. Резултатите покажаа дека во изминатиот период цената на природниот гас на берзата е пониска од предвидената со што се исполнуваат условите да се донесе поволна одлука за категоријата останати корисници, кои пак во турбулентниот период на енергетската криза го преземаа товарот и добиваа реални сметки. За разлика од домаќинствата, кои  во цел овој изминат период на енергетска криза добиваа сметки со субвенции“ изјави Бислимоски.

Следни Објави

Неочекуван потег! Потресна сцена! Сите се во шок по оваа изјава за Коста

Во Белград денеска продолжи судењето против на Владимир и Милјана Кецмановиќ, родителите на 14-годишниот Коста кој на трети мај во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар уби девет другари и училишниот чувар Драган Влаховиќ. Тие се товарат за несовесно поседување оружје и за запуштање на детето. На вчерашното рочиште беше сослушан […]