Ненадејната смрт во семејството ја скрши
Познатата пејачка Андреана Чекиќ сподели тажна вест со своите фанови.
Со емотивна објава на „Инстаграм“ откри дека починал нејзиниот дедо со кого била многу поврзана.
Сподели нивна заедничка фотографија под која напиша емотивна посвета.
„Те сакам со сето срце и душа и знам дека тоа можеш да го почувствуваш. Спиј со ангелите, најголем господине, гордост моја“, напиша таа.
Со овие потресни зборови разнежни многумина кои на социјалните мрежи ѝ упатија безрезервна поддршка во овој тежок период.
Фото: Инстаграм
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО