fbpx

Расплакани деца во завои, се извлекуваат повредените: Потресни слики од несреќата во Бугарија

Потресни фотографии се шират на социјалните мрежи откако автобус со 38 деца и српски државјани се преврте во Бугарија.

Според првичните информации, повредени се 17 малолетници од кои две се во критична состојба.

Еден од патниците во автобусот за БТВ раскажува дека на возачот му било одвлечено вниманието кога се обидувал да помогнееден од патниците да го спушти седиштето. Наводно ова била причината што автобусот нагло свртел десно и се превртел во каналот во близина на автопатот.

Децата се враќале од фолклорен фестивал во Сончев брег. Во болницата во Стара Загора се примени четири возрасни и осум деца. Еден од возрасните е во тешка состојба и веројатно ќе му бидат ампутирани екстремитетите.

Изјава даде и бугарскиот министерот за внатрешни работи Иван Дерменџиев. Тој смирува дека нема тешки загуби и дека децата се живи и здрави.

Следни Објави

Тага! Почина познатата актерка на 49 години, ја загуби битката со ракот

Американската актерка Робин Григс почина на 49-годишна возраст, соопшти нејзиното семејство. На ѕвездата од ТВ-сериите пред две години ѝ беше дијагностициран рак на грлото на матката, храбро се бореше против болеста и отворено зборуваше за сите предизвици со кои се соочува. „Таа повеќе не страда и секако е на поубаво […]