fbpx

Тага! Почина познатата актерка на 49 години, ја загуби битката со ракот

Американската актерка Робин Григс почина на 49-годишна возраст, соопшти нејзиното семејство.

На ѕвездата од ТВ-сериите пред две години ѝ беше дијагностициран рак на грлото на матката, храбро се бореше против болеста и отворено зборуваше за сите предизвици со кои се соочува.

„Таа повеќе не страда и секако е на поубаво место. Ќе ја паметиме по убави работи. Никогаш нема да заборавиме колку беше транспарентна и колку сакаше со нејзината лична приказна да им помогне на луѓето. Почивај во мир“, пишуваат нејзините фанови на социјалните мрежи.

Робин беше најпозната по ангажманот во популарните американски сапуници. На екранот дебитираше како Стефани Хобарт во серијата „Еден живот“. Потоа ја глумеше Меги Кори во „Поинаков свет“.

Во раните 2000-ти стана заштитно лице на хорор филмовите. Играше и во детски претстави, беше позната и како пејачка, а во 2004 година го објави концептуалниот албум Love’s Young Nightmare.

Позади неа го остави сопругот Мајкл Вајли со кого беше во брак од 2013 година.

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Тажен ден во Македонија: Беше извонреден, почивај во мир!

Почина проф. д-р Димитар Бајалџиев, долгогодишен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“-Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Проф. д-р Бајалџиев беше и поранешен министер за образование и наука, поранешен декан на Факултетот и член на Деканатската управа. „Со неговата смрт загубивме драг и почитуван колега, доајен од областа […]