Поранешниот македонски репрезентативец Борко Ристовски стана татко по вторпат.
Нашиот „министер за одбрана“ открива дека ќерката требало да се вика Ирис, но бидејќи се родила на празникот Св. Атанас, одлучиле да го добие името Анастасија.
Анастасија е име со грчко потекло добиено од зборот „anastasia“ што значи „таа што воскресна“ („anastasis“=воскресение, подигање). Според значењето на името се верува дека личностите кои го носат секогаш имаат повеќе шанси за среќа во животот, тие се ведри и вредни и секогаш се исправаат гордо после животните порази.
Славниот голман за „Репортер“ вели дека и Нина и бебето се добри.
„Анастасија има 4.230 грама и 53 сантиметри“, открива тој.
Борко и Нина веќе го имаат синот Душан кој наскоро ќе полни пет години, а името го носи по починатиот татко на Ристовски.