fbpx

Чоколадна торта без брашно: Омилениот РЕЦЕПТ на Меган Маркл

Откако му стана сопруга на принцот Хари, секојдневно дознаваме нови работи за Меган Маркл.

Научивме дека практикува јога, и дека особено води грижа за исхраната.

Секое утро конзумира вода со лимон, а подоцна на дневното мени ѝ е каша со банани. За ручек вообичаено јаде протеинска храна, јаболки и бадеми. За ужинка практикува зелен чај или зелен сок за детоксикација.  Вечерата гавно ѝ се состои од тестенини со тиквички, пармезан и чаша вино, откри Маркл за „Delish“.

Поранешната актерка сега конечно го откри и својот омилен десерт, чоколадна торта со портокал без брашно, а рецептот го имате во продолжение:

Потребни состојки:

* 2 портокали

* 6 јајца

* 1 лажица прашок за пециво

* ½ лажица сода бикарбона

* 1 ¼ шолја шеќер

* 2 шолји мелени лешници или брашно од лешници

* ½ шолја какао

* ½ лажица цимет

* прстофат сол

* шеќер во прав

Начин на приготвување:

Портокалите се ставаат во средно голем сад за готвење. Прекријте ги со вода. Кога водата ќе почне да врие, ставете капак и намалете го огнот.

Гответе ги портокалите околу два часа додека не омекнат. Кога ќе се изладат, исечете ги на половина и отстранете им ги големите семки.

Загрејте ја рерната на 180 степени, ставете ги портокалите во блендер и миксајте додека не добиете каша. Треба да ви остане шолја и пол пире од портокал. Додајте ги останатите состојки, освен шеќерот во прав и блендирајте додека смесата не се соедини. Смесата ставете ја во калап за торта и печете од 45 минути до еден час

Кога тотата ќе се олади, наросете ја со шеќер во прав или ставете друг фил по сопствена желба.

Пријатен апетит!

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Сите пишуваат дека е тешко болен: Бора Чорба конечно се огласи

Неколку српски портали ја пренесоа вестта дека водачот на „Рибља Чорба“, 66-годишниот Бора Ѓорѓевиќ, се бори за живот. „Информер“ објави дека здравствената состојба на славниот музичар нагло се влошила откако минатата година му бил дијагностициран рак на простата. Доцна вечерва конечно се огласи и самиот Бора Чорба. – На сите […]